Мошти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мошти[1][2] или реликвии[3][4] — земни остатоци од свети тела, одуховени телесни пребивалишта на Бога, осведочени храмови на Светиот Дух, во облик на целото тело, делови од телото или честички. Во минатото, па и денес, вообичаено е да се распарчуваат моштите за да се овозможи да ги видат, допрат и целиваат што поголем број верници, како и да се постават во Светата трпеза и антиминс - со симболично претставување на небесната црква на која почива земната, но и поради верувањето во нивната апотропејска, заштитничка моќ. Обично, но не мора да се чуваат во кивор. Како предмет на црковно почитување, моштите се чувани низ историјата со особено внимание. Тие претставуваат предмет на верска почит, особено дел од посмртните останки или личниот имот на светецот. Посебен облик на мошти претставуваат „допирливите мошти“, односно предмети со кои светителот стапил во контакт или наводно дошол во контакт, како на пр. делови од облека итн. Многу православни христијани веруваат дека моштите се извор на Божествена енергија.
Поимот мошти се користи во сите големи светски религии, но најмногу во христијанството, шинтоизмот и будизмот.
Во христијанството (католицизмот и православието), моштите се еден од најстарите облици на почитување на светците чие постоење е докажано уште во 2 век, многу пред почитувањето на иконите и другите облици на претставување на светците. Во антиката, секој облик на почитување на моштите бил непожелен и чии било посмртни останки се сметале за нечисти. Од времето на Мартин Лутер, протестантите главно не ги прифаќаат традициите на почитување мошти и ги сметаат за небиблиски, додека адвентистите и Јеховините сведоци дури ги сметаат за ѓаволски.
Во 1920-тите, кога канализацијата се излеала во набрзина изградениот мавзолеј на Ленин на Црвениот плоштад во Москва поради оштетување на канализациониот систем под него, во кој сè уште се наоѓа балсамираното тело на Ленин, великиот и свет патријарх на Москва и на цела Русија Тихон рекол дека е позната реченица „Спрема моштите и елејот“ (руски: „По мощам и елей!“ ) што меѓу другото го чинело мачеништво и труење од комунистите. Фразата е често цитирана.