Мостар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мостар — град и општина во Босна и Херцеговина. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Мостар живеат 113.169 жители[1]. Мостар е најважниот град во регионот на Херцеговина, неговата културна престолнина, и центар на Херцеговско-неретванскиот кантон. Во градот поминува реката Неретва и е петти по големина град во земјата. Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средниот век го чувале Стариот мост по текот на Неретва. Стариот мост, изграден од страна на Османлиите во 16 век, е еден од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина, и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот[2][3][4][5].
Кратки факти МостарMostar, Земја ...
Мостар Mostar | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Карта на БиХ (Мостар) | |||
Координати: 43°20′N 17°48′E | |||
Земја | Босна и Херцеговина | ||
Целина | Федерација Босна и Херцеговина | ||
Кантон | Херцеговско-неретвански | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Марио Кордиќ (ХДЗ) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.175 км2 (454 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 128,448 (проц.) (2.007) | ||
• Густина | 89,8/км2 (2,330/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски бр. | 88000 | ||
Повик. бр. | (+387) 36 | ||
Мреж. место | http://www.mostar.ba/ |
Затвори