Москополе
село во Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Москополе (албански: Voskopjë, Воскопоја, Moscopole и Moscopolea, грчки: Μοσχόπολη) — некогашен стар град од околу 60000-70000 жители, а денес планинско село со население 700 жители (2000 г.). Населението главно се занимава со сточарство и е со мешан состав, односно живеат Власи и Албанци. Селото се наоѓа на 21 км од Горица (Корча), на планината Островица во јужна Албанија, на надморска височина од 1.160 м[1].
Кратки факти Москополе Voskopjë, Земја ...
Москополе Voskopjë | |
---|---|
општина | |
Црквата „Св. Никола“ во Москополе | |
Координати: 40°38′0″N 20°35′25″E | |
Земја | Албанија |
Област | Горица |
Укината | 1788 (како град) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 1.058 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | KO |
Мреж. место | voskopoja.al |
Затвори
Некогаш ова бил голем, просперитетен и развиен град со значаен број жители, трговија, занаетчиство и врски во далечни краеви. Во 1788 г. е уништен од Али Паша Јанински поради поддршката на населението за Пелопонеското востание.