Мон Сен Мишел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мон Сен Мишел (француски: Le Mont Saint-Michel; буквално: Планина Сен Мишел) — остров и општина во Долна Нормандија, Франција. Се наоѓа на околу еден километар од северозападниот брег на земјата, на устието на реката Куеснон во близина на Авранш. Островот е голем 100 хектари, а населението брои 44 луѓе (2009).[1]
Мон Сен Мишел Le Mont Saint-Michel | ||
---|---|---|
Поглед на Мон Сен Мишел | ||
Местоположба во регионот Долна Нормандија [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Basse-Normandie" does not exist|270px|Мон Сен Мишел во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Basse-Normandie" does not exist]]
Мон Сен Мишел | ||
Координати: 48°38′10″N 1°30′41″W | ||
Земја | Франција | |
Регион | Долна Нормандија | |
Департман | Манш | |
Округ | Авранш | |
Кантон | Понторсон | |
Општ. заедница | Понторсон - Мон Сен Мишел | |
Управа | ||
• Градоначалник (2014-2020) | Јан Жалтон | |
Површина1 | 0,97 км2 (37 ми2) | |
Население (2008)2 | 43 | |
• Густина | 0,44/км2 (1,1/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 50353 / 50116 | |
Надм. висина | 5 м ) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Островот има стратешки утврдувања уште од античките времиња, а од 8 век од н.е. е седиште на манастирот од кој го добил своето име.Структурната композиција на градот е пример за феудалното општество кое го изградило. На врвот се Бог , опатијата и манастирот , под нив се наоѓаат големите сали , потоа продавниците и куќите, и на долниот дел , надвор од ѕидовите, куќите на рибарите и фармерите. Тој е лесно достапен за бројните верници на неговата опатија за време на осека, поради неговата уникатна позиција на остров, кој се наоѓа на само 600 метри од копното. Исто така, тој е лесно одбранлив поради неговата позиција ,бидејќи благодарение на плимата напаѓачите биле заробувани или се давеле. Со капитализирање на оваа природна одбрана, планината не беше освоена за време на стогодишната војна , благодарение на малиот гарнизон кој успешно ја одбрани против нападот од страна на Англија во 1433 година. Придобивките од неговата природна одбрана не биле загубени ни за време на Луј XI кој ја претвори планината во државен затвор, а потоа опатијата почна да се користи редовно како затвор за време на Античкиот Режим во XVI век. Мон Сен Мишел и неговиот залив се едни од најпрепознатливите обележја на Франција,тие се дел од списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и повеќе од 3 милиони луѓе ги посетуваат секоја година.