Монтсерат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монтсерат (англиски: Montserrat) е остров во Карипското Море, дел од групата на Заветрени Острови. Монтсерат е британска прекуморска територија. Должината на островот е околу 16 километри, широк 11 километри и со брег од 40 километри.[3] Монтсерат често се именува како „смарагдениот остров на Карибите“, поради тоа што брегот наликува на брегот на Ирска, но и поради ирското потекло на голем дел од населението.[4][5]
Montserrat
Монтсерат |
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Гесло: „Одлични луѓе, оформени од природата, гледани од Бога“ "A people of excellence, moulded by nature, nurtured by God" |
||||
Химна: "Боже, чувај го Кралот" |
||||
Местоположбата на Монтсерат (заокружено во црвено) |
||||
Топографска карта на Монтсерат.
|
||||
Главен град | Плимут (de jure)[б 1] Брејдс (de facto)[б 2] Литл Беј (во изградба)[б 3] | |||
Најголем град | Брејдс | |||
Службен јазик | англиски | |||
Демоним | Монтсераќанец | |||
Уредување | Парламентарна зависна територија во склоп на уставна монархија | |||
• | Монарх | Чарлс III | ||
• | Гувернер | Ендру Пирс | ||
• | Премиер | Истон Тејлор-Фарел | ||
Законодавство | Собрание | |||
Површина | ||||
• | Вкупна | 102 км2 | ||
• | Вода (%) | незначително | ||
Население | ||||
• | Попис 2019 | 4,649 (2018)[1] | ||
• | Густина | 44 жит/км2 (153-та) | ||
БДП (ПКМ) | проценка за 2014 г. | |||
• | Вкупен | US$63 милиони[2] | ||
• | По жител | US$12,384 | ||
Валута | Источнокарипски долар (XCD ) |
|||
Часовен појас | (UTC-4:00) | |||
Датумски формат | дд/мм/гггг | |||
Се вози на | лево | |||
НДД | .ms | |||
Повик. бр. | +1-664 |
На 18 јули 1995, заспаниот вулкан Суфриер Хилс, во јужниот дел на островот, се активирал. Вулканската ерупција го уништила главниот град Плимут. Во периодот од 1995 до 2000 година две третини од населението морало да биде евакуирано од јужниот дел на островот. Во 1997 година имало само 1,200 жители.[6][7] Денес сè уште има вулканска активност на островот.
Литл Беј е град во изградба кој се очекува да биде нов главен град на островот. Привремено главен град, де факто, на островот е Брејдс.[8]