Модерна архитектура
правец во архитектурата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Модерната архитектура или модернистичката архитектура е термин кој се применува за да се опишат група на стилови во архитектурата кои се јавуваат во првата половина на дваесеттиот век, и стануваат доминантни по Втората светска војна. Модерните стилови во најголем дел се засноваат врз новите технологии на градење - особено употребата на стакло, челик и армиран бетон, и отфрлањето на традиционалната неокласична архитектура и стиловите кои доминираа во XIX век. [1]
Модерната архитектура продолжи да биде доминантен архитектонски стил за институционални и корпоративни објекти во 1980-тите, кога беше во голема мера заменет од страна на постмодернизмот.
Значајни архитекти важни за историјата и развојот на модернистичките движења вклучуваат Френк Лојд Рајт, Лудвиг Мис van der Rohe, Ле Корбизје, Валтер Гропиус, Константин Мелников, Ерих Менделсон, Ричард Нојтра, Луис Саливен, Герит Ритвелд, Бруно Таут, Гунар Асплунд, Арне Јакобсен, Оскар Нимаер и Алвар Алто.
Општо земено, модерната архитектура сè до 1960-тите години се состои од правоаголни згради со прави линии. По 1960-тите сè повеќе се користат слободните криви, а меѓу првите ќе ги искористи иранскиот архитект, Дариуш Борбор.