Мичиген-Хјурон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Езерото Мичиген-Хјурон (англиски: Lake Michigan-Huron) е име за дел од северноамериканските Големи Езера кои традиционално се сметаат за две одвоени езера; Еезеро Мичиген и Хјурон. Меѓутоа, хидролошки, овие две езера се дел од истата водена маса која ги поврзува протокот Макино, широк 8 километри и длабок 37 метари.[1] Двете езера имаат исто ниво на површина, и заеднички го менуваат. Водата помеѓу двете езера понекогаш потекува од исток кон запад.[2][3]
Како заедничко езеро, Мичиген-Хјурон има површина од 117.600 км2, а со тоа е најпроторното слатководно езеро на светот. Поголемо од него е само соленото Касписко Езеро/Море. Горното Езеро е поголемо по зафатнина од езерото Мичиген-Хјурон, а поголеми езера се и Бајкалското Езерото и езерото Тангањика.