Михаил Горбачов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаил Сергеевич Горбачов (руски: Михаил Сергеевич Горбачёв; 2 март 1931 – 30 август 2022 ) — поранешен водач на Советскиот Сојуз од 1985 година до 1991. Неговиот обид за реформи довело до крајот на Студената војна, но исто така довело до крај на Врховниот политички орган на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз. Добитник е на Нобелова награда за мир во 1990.
Михаил Горбачов Михаил Горбачёв | |
---|---|
Михаил Горбачов во мај 2010 г. | |
Претседател (Претседател на Советскиот Сојуз од 15 мљаарт 1990) | |
На должноста 1 октомври 1988 – 25 декември 1991 | |
Премиер | Николај Ришков Валентин Павлов Иван Силаев |
Потпретседател | Генадиј Јанаев |
Претходник | Андреј Громико |
Наследник | Нема |
6-ти Генерален секретар на ЦК на КПСС | |
На должноста 11 март 1985 – 24 август 1991 | |
Заменик | Владимир Ивашко |
Претходник | Константин Черненко |
Наследник | Владимир Ивашко |
Лични податоци | |
Роден(а) | Михаил Сергеевич Горбачов 2 март 1931(1931-03-02) Приволное, Ставрополски крај, СССР |
Починал(а) | 30 август 2022(2022-08-30) (возр. 91) |
Партија | КПСС (1950–1991) Социјалдемократска партија на Русија (2001–2004) Сојуз на социјалдемократите (2007–денес) Независна демократска партија на Русија (2008–денес) |
Сопружник | Раиса Горбачова (п. 1999) |
Установа | Московски универзитет |
Професија | правник |
Потпис | |
Портал | Фондација Горбачов |
Горбачов се приклучил во КПСС во 1952 г. во својата 21 година. Во 1966 година добил сертификат за земјоделство. Неговата кариера напредувала брзо и во 1970 година бил избран за прв секретар за земјоделство, следната година станал член на Централниот комитет, во 1972 бил на чело на Советската делегација на Белгија, а две години подоцна во 1974 година станал претставник на Врховниот Совет и претседател на постојаната комисија за младински прашања.
Неговата позиција во новата КПСС создала повеќе можности за патување надвор од границите и тоа силно влијаело на неговите политички и социјални погледи во иднина, кога тој станал водач на земјата. Во 1975 година ја предводел делегацијата во Западна Германија, и во 1983 година ја предводел советската делегација на Канада за да се сретне со премиерот Пјер Трудом и членови на канадскиот претставничкиот дом и на сенатот. Во 1984 година патувал во Велика Британија, каде што се состанал со премиерот Маргарет Тачер.
После смртта на Константин Черненко, Михаил Горбачов бил избран за генерален секретар на КПСС на 11 март 1985 година. Тој станал првиот водач на партија, кој е роден по Руската револуција од 1917 година. Како владетел на Советскиот Сојуз, се обидел да ја реформира Комунистичката партија и на националната економија со воведување нагласност ("отвореноста"), перестројка („престројување“, „преструктуирање“) ускоренија („забрзување на економскиот развој“), кои започнале на 27. КПСС Конгрес февруари 1986.