Миконос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Миконос[1](грчки: Μύκονος) — грчки остров, дел од Кикладите, помеѓу Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Островот опфаќа површина од 85,5 квадратни километри и се издига на височина од 341 метри на највисоката точка. На островот живеат 10.134 жители според пописот од 2011 година, од кои повеќето живеат во најголемиот град Миконос, кој лежи на западниот брег. Градот е познат и како Хора.
Кратки факти Миконос Μύκονος, Земја ...
Миконос Μύκονος | ||
---|---|---|
Остров и Општина | ||
Градот Миконос | ||
| ||
Прекар(и): Νησί των ανέμων (Остров на ветровите) | ||
Земја | Грција | |
Област | Јужен Егеј | |
Главен град | Миконос (град) | |
Површина | ||
• Вкупна | 105,2 км2 (406 ми2) | |
Население (2011) | ||
• Вкупно | 10.134 | |
• Густина | 9,6/км2 (25/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Поштенски број | 846 00 | |
Телефонски број | 22890 | |
Автомобилски регистарски таблички | EM | |
Мреж. место | mykonos.gr |
Затвори
Прекарот на Миконос е „Остров на ветровите“[2][3]. Туризмот е најголема индустрија на островот и Миконос е познат по својот живописен ноќен живот и има многу установи кои се занимаваат со ЛГБТ заедницата[4][5][6].