Мигел Лопес де Легаспи
шпански морепловец и конквистадор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мигел Лопес де Легапи (шп. Miguel López de Legázpi, Зумарага, околу 1502 - Манила, 20 август 1572 ), исто така познат како Ел Аделантадо (шп. El Adelantado) и Ел Вјејо / Постариоѕ (шп. El Viejo), бил баскиско-шпански морепловец и гувернер кој ја основал првата шпанска населба во источна Индија со експедицијата преку Тихиот Океан од вицекралството на Нова Шпанија до денешен Мексико, која минала и низ Себу (Филипинските Острови) во 1565 година. Тој бил првиот генерален гувернер на шпанската Источна Индија, во кој биле вклучени Филипините и другите тихоокеански архипелази, односно Гвам и Маријанските острови. Откако успеал да се здобие со почит кон многу други автохтони народи и кралства, Де Легапси ја прогласи Манила како главен град на шпанската Источна Индија во 1571 година. Главниот град на провинцијата Албај на Филипините, Легаси Сити, го носи неговото име.
Мигел Лопес де Легаспи | |
---|---|
Роден(а) | околу 1502 Зумарага, Шпанија |
Починал(а) | 20 август 1572 Манила |
Занимање | Морепловец |
Познат(а) по | Ја основал првата шпанска населба во источна Индија |