Метрополитенски области во Германија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метрополитенските области во Германија се единаесет[1] густо населени области во Сојузна Република Германија. Тие ги содржат најголемите германски градови и нивната околина и формираат политички, комерцијални и културни центри во државата. Единаесетте метрополитенски области во Германија се организирани во политички единици за плански цели.
Во потесна смисла на метрополи, само четири градови ја поминуваат границата од најмалку еден милиони жители, меѓу нив се: Берлин, Хамбург, Минхен и Келн.