Мерсија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мерсија (англиски:Mercia староанглиски: Miercna rīċe ; латински: Merciorum regnum) била една од седумте кралства на таканаречената англосаксонска хептархија. Се наоѓала по долината на реката Трент и нејзините притоки, во англискиот регион денес познат како Мидлендс.
Во периодот од 600 до 900 г., познат како Мерсијанска надмоќ или „Златното доба на Мерсија“, ги анектирала или покорила пет од преостанатите шест кралства од Хептархијата (Источна Англија, Есекс, Кент, Сасекс и Весекс). Мерсија доминирала во Англија јужно од реката Хамбер.
Кон крајот на 9-тиот век, по инвазијата на Викинзите и нивната Голема незнабожечка армија, Данелав присвоил голем дел од поранешната мерсиска територија.
Последниот мерсиски крал, Кеолвулф II, умрел во 879 г, а кралството ја изгубило својата политичка независност. Прво, со неа управувал лорд под власта на Алфред Велики, кој себеси се нарекол „Крал на Англосаксонците“. Кралството за кратко било независно во средината на 10 век и во 1016 година, но тогаш се сметало за провинција со привремена независност. Весекс ги освоил и ги обединил сите кралства во Кралството Англија. Кралството било грофовија до 1071 година.