Мери Енинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мери Енинг (21 мај 1799 – 9 март 1847) била англиски палеонтолог која се прочула низ целиот свет за нејзините важни откритија кои ги откри во Јура. Нејзините откритија придонеле за важни промени во научните ставови за праисторискиот животот и историјата на Земјата.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Мери Енинг | |
---|---|
Мери Енинг со нејзиното куче, Треј, сликани пред 1842. | |
Роден(а) | 21 мај 1799(1799-05-21) Дорсет, Велика Британија |
Починал(а) | 9 Март 1847 Дорсет, Велика Британија |
Причина за смрт | Рак на Дојка |
Почивалиште | |
Занимање | · Палеонтолог |
Вероисповед | Congregational; converted to Anglicanism |
Родител(и) | Ричард Енинг (1766–1810) Mary Moore (c. 1764–1842)[1] |
Роднини | Јосеф Енинг (брат; 1796–1849)[1] |
Мери Енинг барала фосили во областа на Blue Lias, особено во текот на зимата. Таа замалку ќе умрела во 1833 од лизгање на земјиштето кое што го убило нејзиното куче, Треј. Нејзините најбитни откритија биле првиот ихтиосаурус скелет; првите два комплетни плесиосаурус скелети; првиот птеросаур скелет што се наоѓа надвор Германија; и важни фосили од риба. Нејзините согледувања одиграле клучна улога во откривањето дека копролитите, познати како и безоар камења во времето, биле фосилни измети. Таа, исто така, открила дека белемнајт фосилите содржеле фосилизирани ќесички со мастило како оние кои ги имаат главонозите.
Енинг не учествувала целосно во научната заедница на 19-век во Британија, кои во главно биле англиски господа. Таа финансиски се мачела. Нејзиното семејство било сиромашно, и нејзиниот татко, кој бил столар, умрел кога таа имала единаесет години.
Таа станала позната во геолошките кругови во Британија, Европа и Америка, и била консултирана за прашања од анатомијата, како и за собирање на фосили. Сепак, како жена, таа немала право да се приклучи на Геолошкото Друштво на Лондон и таа не добивала секогаш признание за нејзините научни придонеси.Таа напишал писмо: "Светот ме третирал толку неправедно што се плашам дека ме направи да се сомневам во сите." Единственото нејзино научно пишување објавено во нејзиниот живот било во Списанието на Природна Историја во 1839 година.[2]
По нејзината смрт, во 1847, нејзината необична животна приказна привлекла поголем интерес. Некој втор на којшто не му дале признание, напишал за неа во 1865 дека „ Ќерката на столарот добила титула, и заслужила да ја добие“. Нејзината слава пак пораснала во почетокот на дваесеттиот век.