Мерил Стрип
американска глумица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Mерил Стрип (родена на 22 јуни 1949 ) — американска глумица која работи во полето на филмската продукција, театарот и телевизијата. Таа се смета за една од најталентираните и најпочитувани глумици во модерната ера.[1][2][3]
Мерил Стрип | |
---|---|
Мерил Стрип на Берлинскиот филмски фестивал во 2016 година | |
Роден(а) | Мери Луиз Стрип 22 јуни 1949(1949-06-22) (74 г.) Самит, Њу Џерси, САД |
Националност | Американка |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1971–до денес |
Сопружник | Дон Гамер (в. 1978) |
Партнер | Џон Казал (1976-1978) |
Деца | 4 деца |
Потпис | |
Страница merylstreeponline.net |
Стрип своето прво професионално деби на сцената го направила во 1971 година во Плејбојот од Севил, пред нејзиното деби на екраните во филмот Најслабата Сезона во 1977 година. Истата година дебитирала со филмот Џулија. Нејзиниот успех дошол до израз набргу со нејзината улога во Ловец на елени (1987) и Крамер против Крамер (1979). Првонаведениот филм и ја овозможил на Стрип нејзината прва номинација за Оскар, а вториот нејзината прва награда. Подоцна таа освоила награда за најдобра глумица, за нејзината улога во Изборот на Софи (1982). Третиот Оскар таа го добила за улогата како Маргарет Тачер во биографскиот филм Челичната дама (2011).
Стрип била номинирана 20 пати за Филмска Награда на Академијата на САД, од кои, трипати ја освоила, и се здобила со 30 номинации за Златен Глобус, од кои освоила осум, со што станала единствената глумица која се здобила со најголем број номинации во историјата на оваа манифестација. Таа освоила и две Еми награди, од страна на здружението за филмски глумци исто така две награди, награда од Канскиот филмски фестивал, пет награди од страна на здружението на филмски критичари на Њујорк, пет Греми номинации, две награди од страна на Британската Академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), две награди од аАвстралискиот филмски институт и номинација за Тони награда. Во 2004 година од страна на Американскиот филмски институт таа добила награда за животно дело.