Мајлинда Келменди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајлинда Келменди (Пеќ, 9 мај 1991 )[1][2] — косовско-албански[3][4] џудист која се натпреварува во категорија до 52 килограми. Таа е двократен европски и светски шампион во нејзината категорија.[5] Во 2014 Келменди станала прворангирана на списокот на меѓународната џудо федерација, по што била одликувана од претседателот на Косово Атифете Јахјага со „претседателски орден на честа“. На 7 август 2016 станала првиот косовски спортист кој освоил медал на олимписките игри откако Келменди земала златен медал на игрите 2016 во Рио де Жанеиро во категоријата џудо за жени до 52 килограми.[6] Таа претходно ја претставувала Албанија на игрите во 2012, но не успеала да освои медал.[7]
Кратки факти Лични податоци, Националност ...
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Косово | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 9 мај 1991(1991-05-09) (32 г.) Пеќ, САП Косово, Србија, СФР Југославија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 52 kg (115 lb; 8.2 st) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Џудо | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ранг | 1 (52kg) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Затвори