Мачковидни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мачкоовидните (лат. Feliformia или Feloidea) се ѕверови (месојадци) образуваат подред во рамките на редот на ѕверови и тука припаѓаат мачките (големи и мали), хиените, мунгосите, цибетките и сродните таксони. Другиот подред на ѕверови е Caniformia (кучевидни ѕверови). Една заедничка особина на ѕверовите која ги разделува од сите останати цицачи е присуството на четири ѕверски заби (карназијали) на предниот дел од вилицата.
Кратки факти Мачковидни Период: Еоцен - денес, Научна класификација ...
Мачковидни Период: Еоцен - денес | |
---|---|
Тигар (Panthera tigris) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Подред: | Мачковидни Kretzoi, 1945 |
Семејства | |
|
Затвори
Поделбата на ѕверовите на две големи групи (мачко- и кучевидни) е нашироко прифатена, исто како што е и дефиницијата за мачко- и кучевидни ѕверови како подредови (понекогаш натсемејства). Класификацијата на мачковидните ѕверови како дел од подредот Feliformia или како дел од одделни групи и денес се развива.