Маријански Острови
архипелаг во северозападниот дел на Тихиот Океан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Маријанските Острови (англиски: Mariana Islands) или порано познати како Острови на Крадците или Ландронски Острови (шпански: Islas de los Ladrones ) се островска група (архипелаг) во регионот Микронезија во Океанија, Тихиот Океан. Островите се наоѓаат јужно од Јапонија и источно од Нова Гвинеја, а источно од островите е Филипонското Море. Крајната јужна точка на островите е островот Гуам. Шпанците во 17 век ги именувале островите како „Маријански Острови“ во чест на шпанската кралица Маријана Австриска. Источно од островите се наоѓа Маријанскиот Ров, најдлабоката точка на планетата Земја. Политички Маријанските Острови се поделени меѓу Северните Маријански Острови и Гуам, и двете островски територии на САД.