Маргарет Фулер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сара Маргарет Фулер Осоли, позната уште и како Маргарет Фулер (23 мај 1810 - 9 јули 1850 ) е американска новинарка, критичарка и застапничка на правата на жените, што се поврзува со трансенденталистичкото движење во САД. Таа била првата рецензентка и критичарка во новинарството. Нејзината книга Жените во деветнаесеттиот век се смета за едно однајзначајните феминистички дела во САД. Родена како Сара Маргарет Фулер, во Кембриџ, Масачусетс, била мошне рано образувана од нејзиниот татко, Тимоти Фулер. Подоцна се здобила и со формално образование и работела како учителка,пред да почне да се занимава со она што таа го нарекла „дијалози“:дискусии помеѓу жени, кои сакале на тој начин да го надоместат нивниот недостиг од високо образование. Таа станала и првиот уредник на трансенденталистичкиот весник Дајл. Во 1840, пред да се придружи на Њујорк Тибуjн, во 1844, под раководство на Хорас Грејли, во тоа време таа веќе имала 30 години и се стекнала со репутација на најучена личност во Нова Англија,и помеѓу мажите и помеѓу жените, и станала првата жена накоја й било дозволено да ја употребува библиотеката на колеџот Хардвард. Нејзинотодело Жените во деветнаестеиот век било објавено во 1845. По неколку години, била испратена во Европа како првиот женски коресподент за Трибјун. Набргу таа се вклучила и во револуцијата во Италија и се здружила со Ѓузепе Мазини.Била во врска со Џовани Осоли, маркиз кому му било одземен имотот од страна на неговото семејство, поради фактот што го поддржувал Мазини.Фулер со него имала и дете. Фулер била заштитничка на правата на жените и општо на правото на жената за образование и вработување. Таа исто така, вклучила и многу други реформи во општеството,како на пример, реформите во затворот и реформите за еманципација на робовите во САД. Многу од останатите застапници на феминизмот и правата на жените се инспирирани од Фулер и ја цитираат, меѓу кои е и Сузан Антони. Сепак,голем број од нејзините современици, како на пример нејзината поранешна пријателка, Хариет Мартине, не ја поддржувале. Таа сметала дека Фулер повеќе е филозоф одошто активист. Кусо време по смртта на Фулер, нејзината важност опаднала; уредниците кои ги подготвувале нејзините писма за објавување,верувајќи дека нејзината слава ќе биде краткотрајна, не ги пренеле веродостојно и биле цензурирани или во поголем дел изменети.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Сара Маргарет Фулер | |
---|---|
Слика (од Џон Плумбе, 1846) | |
Занимање | Професор Новинар Критичар |
Националност | Американка |
Книжевно движење | Трансендентализам |
Потпис |