Манџукуо
поранешна марионетска држава во североисточна Азија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Манџукуо, официјално Државата Манџурија пред 1934 година и Империја на (Големата) Манџурија по 1934 година, била марионетска држава на Царството Јапонија во Манџурија од 1932 до 1945 година. Основана е како република во 1932 година по јапонската инвазија на Манџурија, а во 1934 година станала уставна монархија под де факто контрола на Јапонија. Била делумно призната од другите држави.
Држава Манџурија (1932–1934) 滿洲國 ᠮᠠᠨᠵᡠ ᡤᡠᡵᡠᠨ Царство на (Голема) Манџурија (1934–1945) (大)滿洲帝國 ᡩᠠᠮᠠᠨᠵᡠ ᡤᡠᡵᡠᠨ | ||||||
Клиентска држава / Марионетска држава / Тампон држава на Царството Јапонија | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло "Пет раси во една унија" | ||||||
Химна Државна химна на Манџукуо (верзија 1933–1942) (верзија: 1942–1945) | ||||||
Манџукуо (темно црвена) во рамките на Јапонското Царство (розово) | ||||||
Главен град | Чангчун (до 9 август 1945) Тунгва (од 9 Август 1945) | |||||
Државно уредување | Клиентска држава / Марионетска држава / Тампон држава на Царството Јапонија | |||||
Главен управител | ||||||
- | 1932–1934 | Пу Ји | ||||
Цар | ||||||
- | 1934–1945 | Пу Ји | ||||
Историски период | Меѓу двете светски војни · Втора светска војна | |||||
- | Јапонска инвазија | 18 септември 1931 | ||||
- | Основана | 1 март 1932 | ||||
- | Прогласено царство | 1 март 1934 | ||||
- | Расформирана | 18 Август 1945 | ||||
Во 1931 година, Јапонија го окупирала регионот по Мукденскиот инцидент. Една година подоцна била поставена пројапонска влада на чело со Пу Ји, последниот кинески цар, како регент, а подоцна и цар.[1] Владата на Манџукуо била распуштена во 1945 година по капитулацијата на царска Јапонија на крајот од Втората светска војна. Териториите кои ги поседувала Манџукуо прво биле освоени при советската инвазија на Манџурија (август 1945 година),[2] а следната година формално ѝ биле предадени на Кина.