Малденов Остров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малденовиот Остров, порано познат како Индепенденс, е низок и ненаселен атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Атолот има вкупна површина од 39 км2. Островот е познат по „мистериозните“ рушевини, но и по некогашниот потенцијал за ископување гвано (птичјо ѓубриво), британските јадрени тестирања во 1957 година и моменталниот заштитен статус како прибежиште за птици.