Македонски претседателски избори (2024) — седми по ред претседателски избори во Македонија. Претседателските избори кои се одржале на 24 април, среда (прв круг) и 8 мај, среда (втор круг) 2024 година заедно со парламентарните избори.[1] Гласачите избирале претседател со мандат од пет години. Актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, се кандидирал за реизбор. Неговиот противкандидат на претходните избори во 2019 година, професорката Гордана Силјановска-Давкова, повторно се кандидирала за позицијата претседател. Ова бил првиот претседателски реванш во македонската историја, а Стево Пендаровски станал прв кој се кандидрал за претседател на три последователни изборни циклуси (изборите во 2014 и 2019). Заедно со претседателските избори во 2009 година, на овие избори имало најголем број на кандидати во првиот круг, вкупно седум.
Кратки факти Регистрирани, Излезност ...
Македонски претседателски избори (2024)
|
2019 ←
|
24 април (прв круг) 8 мај (втор круг) |
→ 2029
|
|
|
Регистрирани |
1.814.317 |
Излезност |
Прв круг: 905.971 (49,93%) Втор круг: 861.218 (47,47%) |
|
|
|
|
Кандидат |
Гордана Силјановска-Давкова |
Стево Пендаровски |
Бујар Османи |
Партија |
ВМРО-ДПМНЕ |
СДСМ |
ДУИ |
Припадност |
Твоја Македонија |
За европска иднина |
Европски Фронт |
Добиени гласови |
Прв круг 363.086 Втор круг 561.000 |
Прв круг 180.500 Втор круг 251.899 |
Прв круг 121.088 |
Удел |
Прв круг 40,08% Втор круг 65,14% |
Прв круг 19,92% Втор круг 29,25% |
Прв круг 13,37% |
|
|
|
|
|
Кандидат |
Максим Димитриевски |
Арбен Таравари |
Билјана Ванковска |
Партија |
ЗНАМ |
АА |
Левица |
Припадност |
|
Вреди |
|
Добиени гласови |
Прв круг 83.856 |
Прв круг 83.393 |
Прв круг 41.331 |
Удел |
Прв круг 9,26% |
Прв круг 9,20% |
Прв круг 4,56% |
|
|
|
|
Кандидат |
Стевчо Јакимовски |
|
|
Партија |
ГРОМ |
|
Припадност |
Храбро за Македонија |
|
Добиени гласови |
Прв круг 8.121 |
|
Удел |
Прв круг 0,90% |
|
|
|
|
|
|
|
Затвори
ЕУ интеграциите, надворешната политика, Францускиот предлог и уставните измени, владеењето на правото, одбраната и безбедноста на државата, како и изборот на претседател да се одвива во Собранието се очекува да бидат водечки теми во кампањата.
По убедлива победа со освоени 561.000 гласови, победила професорката Гордана Силјановска-Давкова и станала шести претседател во историјата на Република Македонија.