Македонија (римска провинција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонија — римска провинција, создадена во 146 п.н.е., по победата на римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел над македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.
Provincia Macedoniae | |||||
Провинција на Римското Царство | |||||
| |||||
Провинцијата Македонија во рамките на Римското Царство, околу 117 година | |||||
Главен град | Солун Во доцната антика: Солун (на Македонија Прима) и Стоби (на Македонија Салутарис)[1] | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Основана после Четвртата македонско-римска војна | 146 п.н.е. | |||
- | Навлегување на Словените на Балканот | 7 век | |||
Денес во | Грција Албанија Бугарија Македонија |
Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима на југ и Македонија Салутарис на север.
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикската префектура создадена во 318. Кога Илирикската префектура била поделена на Источен и Западен Илирик во 379, Македонските покраини станале дел од Источен Илирик. По расцепувањето на Римското Царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.
Една важна личност од провинцијата Македонија бил светец-заштитник на Солун, Димитар Солунски, кој починал во 306.