Мадам Батерфлај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мадам Батерфлај е опера во три чина (изворно два) од Џакомо Пучини. Италијанското либрето го напишале Лујџи Илика и Џузепе Џакоза.
Мадам Батерфлај | |
---|---|
Опера од Џакомо Пучини | |
Оригинална плаката од Адолфо Хохенштајн (1904) | |
Изворно | Madama Butterfly |
Либрето | Лујџи Илика и Џузепе Џакоза |
Јазик | Италијански |
Според | Расказот Мадам Батерфлај од Џон Лутер Лонг |
Премиерна изведба | |
Датум | 17 февруари 1904 (1904-02-17) |
Место | Ла Скала, Милано |
Се заснова на расказот од Џон Лутер Лонг - „Мадам Батерфлај“ (1898), кој пак се базира на приказните што му ги раскажувала неговата сестра Џени Корел и полуавтобиографската новела „Мадам Хризантем од Пјер Лоти (1887).[1][2] Според расказот на Лонг Дејвид Беласко напишал драма едночинка „Мадам Батерфлај: Јапонска Трагедија“, премиерно изведена во Њујорк во 1900 година, а летото, истата година и во Лондон, каде што Пучини ја гледал.[3]
Изворната верзија на операта, во два дела, имала премиера на 17 февруари 1904 г. во Ла Скала во Милано. И покрај тоа што главните улоги ги изведеле звучни оперски пејачи како сопранот Розина Сторкио, тенорот Џовани Ѕенатело и баритонот Џузепе Де Лука, операта била лошо примена од публиката. Причина за ова, во одредена мера, е што Пучини предоцна го завршил ова дело, и немањето доволно време за проби. Пучини ја ревидирал операта, и го разделил вториот чин на два дела, и направил уште неколку други промени. По ова операта доживеала успех, почнувајќи со премиерата на обновената верзија на 28 мај 1904 г. во Бреша . [4]