Луис Хамилтон
британски возач на Формула 1 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Луис Карл Дејвидсон Хамилтон (англиски: Sir Lewis Carl Davidson Hamilton; 7 јануари 1985) е британски возач во „Формула 1“ шампион од 2008, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и 2020 година.
Хамилтон на трката за ГН на Малезија 2017 година | |
Земја: Обединето Кралство | |
Кариера во Формула 1 | |
---|---|
Трки | 310 (310 стартови) |
Освоени првенства | 7 (2008, 2014, 2015, 2017 2018, 2019, 2020) |
Победи | 103 |
Подиуми | 191 |
Вкупно освоено поени | 4,405.5 (Вкупно поени) |
Пол позиции | 103 |
Најбрз круг | 60 |
Прва трка | Голема награда на Австралија 2007 |
Прва победа | Голема награда на Канада 2007 |
Последна победа | Голема награда на Саудиска Арабија 2021 |
Последна трка | Голема награда на Абу Даби 2022 |
Пласман во 2022 | 6 (240 бода) |
Хамилтон е роден во Стевенејџ, Хартфордшир, Велика Британија. Во Декември 1995 година, за време на церемонија при доделување на награди од автоспортот, на десетгодишна возраст Хамилтон му пришол на тимскиот шеф на Мекларен Рон Денис велејќи: „Еден ден сакам да се натпреварувам за Вас, ...сакам да возам за Мекларен“. За помалку од три години, Мекларен и Мерцедес–Бенц потпишаа договор со Хамилтон од Програмата за поддршка на млади возачи, додека по освојувањето на Британското првенство во формула 1, првенствата на Формула 3 и ГП2 тој веќе беше на пат да ја оствари својата желба. Луис Хамилтон во 2007 година го имаше неговото деби во Формула 1 за Мекларен, 12 години по првиот разговор со Рон Денис. Договорот од Програмата за развој на возачи на Мекларен му овозможи на Хамилтон да обезбеди професионален договор со што подоцна постана најмладиот возач во историјата на Формула 1. Потекнувајќи од мешовито семејство, татко црнец и мајка белка, често се споменува дека Хамилтон е првиот црномурест возач во Формула 1, иако Вили Т. Рибс бил тест возач на Ф-1 од 1986 исто така со црно потекло. Тој бил првиот возач од вакво потекло кој победил на трка на патеката во Индијанаполис. Во неговата прва сезона Луис Хамилтон постави бројни рекорди и водеше битка со Кими Раиконен до последната трка, во која го загуби првенството за само еден бод. Следната сезона тој за првпат стана светски шампион во Формула 1 натпреварувањето.