Лужичка Ниса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лужичка Ниса (чешки: Lužická Nisa; германски: Lausitzer Neiße; полски: Nysa Łużycka; лужички: Łužiska Nysa) — 252 километри долга река во Средна Европа.[1][2] Нејзиниот извор е во Јицерските Планини близу Нова Вес на Ниса, Чешка, достигнувајќи на тромеѓето со Полска и Германија кај Цитау по поминати 54 километри и подоцна ја формира полско-германската граница во должина од 198 километри. Лужичка Ниса е лева притока на реката Одра, во која се влева помеѓу Најсеминде-Рацдорф и Косарзин, северно од градовите Губен и Губин.
Кратки факти Земји, Извор ...
Лужичка Ниса | |
Река | |
Ниса близу Скерберсдорф, во општината Краушвиц | |
Земји | Чешка, Полска, Германија |
---|---|
Извор | Јицерски Планини |
- место | Нова Вес на Ниса, Либеречки крај, Чешка |
- височина | 655 м |
- координати | 50°43′47″N 15°13′44″E |
Утока | Одра |
- местоположба | Најсеминде, Бранденбург, Германија |
- височина | 32 м |
- координати | 52°4′11″N 14°45′20″E |
Должина | 252 км |
Слив | 4.297 км2 |
Истек | |
- просечен | 30 м3/с |
Реките Одра и Ниса
|
Затвори
Според Потсдамскиот договор од 1945, по Втората светска војна, реката станала дел од западната полска граница со Германија (Граница Одра-Ниса).