Ломбок
Индонезиски остров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ломбок (индонезиски: Lombok) — остров во покраината Западните Мали Сундски Острови во Индонезија. Тој е дел од Малите Сундски Острови, со Ломбочкиот Проток кој на запад го одвојува од Бали и Аласкиот Теснец меѓу него и Сумбава на исток. Тоа е прилично кружен, со "опашка" (полуостровот Секотонг) на југозапад, околу 70 километри долг и со вкупна површина од околу 4514 км2. Најголемиот град на островот е Матарам.
Од лево кон десно: Аан Бич, свадба, кампување над врвот на Ринџани, плажа Сенгиги, водопад Сенару | |||||||
Местоположба (црвено) на Ломбок | |||||||
Географија | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Место | Југоисточна Азија | ||||||
Координати | 8.565° ЈГШ; 116.351° ИГД / -8.565; 116.351 | ||||||
Архипелаг | Мали Сундски Острови | ||||||
Површина | 4.514,11 км2 | ||||||
Највисоко издигнување | 3,726 м | ||||||
Највисока точка | Ринџани | ||||||
Управување | |||||||
Индонезија | |||||||
Покраина | Западни Мали Сундски Острови | ||||||
Најголема населба | Матарам (pop. 420,941) | ||||||
Демографија | |||||||
Население | 3,311,044 (2014) | ||||||
Густина | 733,5 /km2 (18.998 /sq mi) | ||||||
Етнички групи | Сасак, Балијци, Мбоџо, Тјонгоа-перанакан, Сумбаванци, Арапски Индонезијци |
Ломбок по големина и густина како и по културното наследство наликува на соседниот остров Бали, кој се наоѓа на запад. Сепак, тој административно е дел од Западна Ниса Тенгара, заедно со поголемот и поретко населениот остров Сумбава, на исток. Ломбок е опкружен со голем број помали острови локално наречени Гили.
На островот живеат околу 3.35 милиони Индонезијци како што е запишано во деценискиот попис од 2014.[1][2][3][4]