Лима
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лима (шпански: Lima, кечуански: Limaq, ајмарски: Lima) е главниот и најголемиот град во Перу. Градот се наоѓа во долината на реките Чилјон, Римак и Лурин. Лима е крајбрежен град и се наоѓа во централниот дел на перуанското тихоокеанско крајбрежје. Заедно со крајбрежното пристаниште Калјао Лима ја формира Метрополитенската област Лима. Со над 9 милиони жители,[4] Лима е најнаселениот главен град во Јужна Америка, и втор најголем град во Америка, веднаш зад Саун Пауло.
Лима Lima | |||
---|---|---|---|
главен град | |||
Горе кон долу, лево кон десно: Поглед кон округот Сан Исидро, Катедралата во Лима, Парк на Резервистите, Плаза Мајор, Светилник Ла Марина, Коста Верде (Мирафлорес) | |||
Прекар(и): „Град на кралеви“(Ciudad de los Reyes) „Трипати крунисуваната вила“ (La Tres Veces Coronada Villa) „Бисерот на Тихиот Океан“ (La Perla del Pacífico) | |||
Местоположба во Перу | |||
Држава | Перу | ||
Регион | Лима | ||
Покраина | Лима | ||
Основан | 18 јануари 1535 | ||
Основач | Франсиско Писаро | ||
Управа | |||
• Градаоначалник | Хорхе Муњос Велс | ||
Површина | |||
• Град | 2.672,3 км2 (10,318 ми2) | ||
• Градска | 800 км2 (300 ми2) | ||
• Метро | 2.819,3 км2 (10,885 ми2) | ||
Надм. вис.[1] | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“}}0–1.550 м | ||
Население (2020)[2] | |||
• Градскo | 8,838,102 | ||
• Градска | 0,011/км2 (0,029/ми2) | ||
• Метро | 10,072,000[3] | ||
Час. појас | PET (UTC−5) | ||
UBIGEO | 15000 | ||
Пов. број | 1 | ||
Мреж. место | munlima.gob.pe | ||
Светско наследство на УНЕСКО | |||
Критериум | Cultural: iv | ||
Навод | 500 | ||
Запис | 1988 (XII заседание) | ||
Староседелската населба била земјоделско место и познато помеѓу староседелците како Лимак. Во колонијалниот период населбата прераснала во голем урбан центар и седиште на Вицекралството Перу. Како последица на Перуанската војна за независност Лима потпаднала под управа на новосоздадената Република Перу и градот бил назначен за главен град на перуанската држава. Денес градот прераснал во еден од најголемите центри на Америка, каде скоро една третина од населението на Перу живее во Лима.
Лима е дом на едни од најстарите високообразовни институции во Новиот Свет. Националниот универзитет Сан Маркос бил основан на 12 мај 1551 година. Тој е најстариот универзитет во Америка и најдолготрајниот, бидејќи постои и денес.
Лима е административен, културен, економски, трговски и финансиски центар на Перу. Меѓународно, тој е третата најнаселена агломерација (населена област) во светот, а бидејќи има поволна и значајна географска положба, Лима се одликува како „бета“ град.