Либечки Залив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Либечкиот Залив (герм. Lübecker Bucht) — водна површина во југозападниот дел од Балтичкото Море, околу германските покраини Мекленбург-Западна Померанија и Шлезвиг-Холштајн. Го образува југозападниот дел на Мекленбуршкиот Залив.
Главно пристаниште е градот Либек со одморалишниот реон Травеминде, крај устието на реката Траве. Каналот Елба-Либек го поврзува Балтичкото Море со реката Елба.