Либек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Либек (германски: Lübeck; службено: Ханзин град Либек) — втор најголем град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Северна Германија и е едно од најголемите пристаништа во Германија. Градот претставува најголем град во сојузната покраина, гледано по површина. Неколку века бил „главен град“ на Ханзата (наречен уште и Кралица на Ханзата), а поради неговото архитектонско наследство во стилот на тулна готика, е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.
Либек | ||
Холстентор — знаменитост на Либек | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 35 | |
Градоначалник | Бернд Саксе (СДП) | |
Владејачка партија | ДХС | |
Основни податоци | ||
Површина | 214,14 км2 | |
Надм. височина | 13 м | |
Население | 215.846 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 1.008 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | HL (1906–1937; од 1956)[2] | |
Пошт. бр. | 23501−23570 | |
Повик. бр. | 0451, 04502 | |
Портал | www.luebeck.de | |
Местоположба на градот Либек во рамките на округот Урбан округ | ||
Координати | 53°52′11″N 10°41′11″E |
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Воздушен поглед на стариот град | |
Критериум | културно: iv |
Навод | 272 |
Запис | 1987 (11. заседание) |
Се наоѓа на реката Траве, Либек е најголемото германско пристаниште на Балтичкото Море. Стариот дел на градот се наоѓа на остров во реката Траве. Каналот Елба-Либек го поврзува Траве со реката Елба. Друга важна река во близина на градот е Вакениц. Автопатот А1 го поврзува Либек со Хамбург и Данска. Округот Травеминде е приморско одморалиште и пристаниште за фериботи на брегот на Балтичкото Море.
Големи градови во близина се Хамбург, 65 километри југозападно, Кил, 78 километри северозападно, и Шверин, 68 километри југоисточно. Од април 2012 година Либек припаѓа на европската метрополитенска област Хамбург. Ханзинот град е исто така познат и како „Градот на Седумте Камбанарии“ и „Порта на Северот“.