Леска
род на дрва / From Wikipedia, the free encyclopedia
Леска (науч. Corylus) — род на листопадни дрва и големи грмушки автохтони во умерените предeли на северната полутопка. Припаѓа на семејството брези (Betulaceae),[2][3][4][5] иако некои ботаничари ги ставаат леските (заедно со габерот и сродниците) во посебното семејство лески (Corylaceae).[6][7] Плодот на леската се нарекува лешник,[8] а местото со лески се нарекува „лескарник“.[9]
Леска | |
---|---|
Обична леска (Corylus avellana) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Брези |
Род: | Леска L. |
Типски вид | |
Обична леска (Corylus avellana) L. | |
Видови | |
Во текстот | |
Синоними[1] | |
Lopima Dochnahl |
Леската има прости заоблени листови со двојно назабени рабови. Цветовите излегуваат рано напролет, пред разлистувањето. Дрвото е еднодомно, со еднополови реси. Машките реси се светложолти, долги 5–12 см, додека пак женските се многу мали и скриени во пупките, и видлив им е само крајот. Плодовите (лешници) се оревести, со големина од 1–2,5 см и пречник од 1–2 см. Покриени се делумно или целосно со чашковидна обвивка.[4] Обликот и составот на обвивката се показател за распознавање на видот.[4]
Во Македонија автохтони се обичната леска (C. avellana) и дивата леска (C. colurna).[10]