Кубански крокодил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кубанскиот крокодил (Crocodylus rhombifer) е мал вид на крокодил (просечна должина од 2,4 метри) кој живее само во Куба, односно мочуриштето Запата и Исла де ла Хувентуд. Овој вид е критично загрозен и се смета дека во минатото бил распространет низ Карибите.
Кратки факти Кубански крокодил, Заштитен статус ...
Кубански крокодил | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Crocodylidae |
Род: | Crocodylus |
Вид: | C. rhombifer |
Научен назив | |
Crocodylus rhombifer Cuvier, 1807 | |
Распространетост на Crocodylus rhombifer |
Затвори
Кубанскиот крокодил има многу специфични одлики по кои се разликува од останатите крокодили, како што се светлата боја на кожата на возрасните единки, поострите и поцврсти крлушки на кожата и јаките и долги нозе. Овој вид е најкопнен вид од сите крокодили, и исто така се смета за најинтелигентниот.