Крштение Господово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крштение Господово при Јован Крстител — настан што го означува почетокот на Исусовата јавна проповед. Христијанскиот свет денес го смета крштението Господово за важен настан, врз кој се темели христијанското крштевање. За крштевањето на Исус се зборува во евангелијата според Матеј, Марко и Лука, додека во Евангелие според Јован крштевањето на Исус не е директно опишано.
Многумина современи теолози и научници го сметаат за историски настан крштевањето на Исус.[1][1][2][2][3]
Јован Крстител вршел обредни капења на реката Јордан и проповедал крштевање заради покајување и простување на гревовите. Според христијанското предание, Исус по крштевањето поминал четириесет дена во пустината, а потоа почнал да проповеда.[4]