Крстовден
христијански празник / From Wikipedia, the free encyclopedia
Воздвижение на Чесниот Крст или Крстовден — значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12-те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.[1]
- Оваа статија се однесува за есенскиот празник Воздвижение на Чесниот Крст, за зимскиот празник видете Водокрст
Воздвижение на Чесниот Крст Кстовден | |
---|---|
Руска икона од 1680 година | |
Го празнува(ат) | Христијанските и нехристијански земји |
Вид | христијански |
Значење | Пронаоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос |
Датум | 14/27 септември |
Обичаи | обредно пеење, ритуали |