Кришна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кришна (/ˈkrɪʃnə/,[11] изговор: [ˈkr̩ʂɳɐ]; санскрит: कृष्ण) е најголемото божество во хиндуизмот. Тој се обожува како осмиот аватар на богот Вишну и исто така како врховен Бог сам по себе.[12] Тој е бог на сочувство, нежност, љубов[13][1][2] и е еден од најпопуларните и нашироко почитуван меѓу индиските божества.[14] Роденденот на Кришна секоја година го слават хиндусите на Кришна Јанмаштами според месечево-сончевиот хиндуистички календар, кој паѓа кон крајот на август или почетокот на септември од грегоријанскиот календар.[15] Кришна обично е прикажан со кавал во раката.
Кришна | |
---|---|
Шри Кришна статуа во Шри Мариамман храмот, Сингапур. | |
Бог на заштитата, сочувството, нежноста и љубовта;[1][2] Јогешвара - Господар на Јогата или Јогите;[3][4] Парабраман, Свајам Багаван (Кришнаизам-Вишнуизам) | |
Деванагари | कृष्ण |
Транслитерација од санскрит | Kṛṣṇa |
Транслитерација од тамилски | Kiruṣṇā |
Тамил | கிருஷ்ணா |
Припадност | Свајам Багаван, Параматман, Нарајана, Вишну, Дашаватара, Рада Кришна[5][6] |
Живеалиште | Голока, Ваикунта, Вриндаван, Гокула, Дварка |
Оружје | Сурашана Чакра Каумодаки |
Битки | Курукшетра Војна |
Сопружници | Рада, Рукмини, Џамбавати, Сатјабама, Калинди, Митравинда, Лакшмана, Бадра, Нагнаџити и 16,000–16,100 други помали кралици[7][note 1] |
Родители | Деваки (мајка) Васудева (татко) Јашода (маќеа) Нанда (очув) |
Браќа/сестри | Баларама (брат) Субхадра (сестра) Јогмаја (сестра) |
Деца | Прадјумна,[9] Самба, Бану и 77 други деца[10] |
Списи | Багаватам Пурана, Харивамса, Вишну Пурана, Махабхарата (Багавад Гита), Гита Говинда, Рукминиша Виџаја |
Слави | Кришна Јанмаштами, Холи, Гопастами, Говардан Пуџа, Картик Пурнима, Шарад Пурнима |
Анегдотите и наративите од животот на Кришна обично се насловени како Кришна Лела. Тој е централен лик во Махабахарата, Багаватам Пурана и Багавад Гита и се споменува во многу хинду филозофски, теолошки и митолошки текстови.[16] Тие го прикажуваат од различни перспективи: бог-дете, шегобиец, божествен херој и како универзално врховно суштество.[17] Неговата иконографија ги рефлектира овие легенди и го прикажува во различни фази од неговиот живот, како новороденче како јаде путер, младо момче што свири на кавал, младо момче со Рада или опкружено со приврзаници жени или пријателски кочијаш кој му дава совет на Арџуна (главниот протагонист во Махабхарата).[18]
Синонимите за Кришна се пронајдени во литература од првиот милениум пред нашата ера.[19] Во некои суб-традиции, Кришна се обожува како Свајам-Багаван, а ова понекогаш се нарекува и Кришнаизам. Овие суб-традиции се појавиле во контекст на Бакти движењето од средновековната ера.[20] Литературата поврзана со Кришна инспирирала бројни перформансни уметности како што се Баратанатијам, Катакали, Кучипуди, Одиси и Манипури танцот.[21][22] Тој е пан-хиндуистички бог, но е особено почитуван на некои локации како што се Вриндавана во Утар Прадеш, Дварка и Јунагад во Гуџарат; аспектот Јаганата во Одиша, Мајапур во Западен Бенгал;[23] во форма на Витоба во Пандарпур, Махараштра, Натдвара во Раџастан;[24] Удупи Кришна во Карнатака,[25] Партасаратија во Тамил Наду и Гурувајоаропан во Гурувајур во Керала.[26] Од 60-тите години на минатиот век, обожавањето на Кришна се проширило и во западниот свет и во Африка, најмногу заради работата на Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ИСКОН).[27]