Критична маса (велосипедизам)
велосипедски настан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Критична маса — велосипедски настан кој вообичаено се одржува секој последен петок во месецот, но има настани и кои се одржуваат секоја последна среда во месецот (како во Македонија); нејзината цел не е вообичаено официјализирана и претставува директна акција преку собирање на велосипедисти на одредена положба и време и возење како група низ градските улици на велосипеди.
Настанот потекнува од 1992 година кога првпат се одржувал во Сан Франциско;[1] до крајот на 2003 година, настанот бил одржан во над 300 града низ светот.[2]
Критичната маса се опишува како „месечно протестно возење“ и се окарактеризира како дел од граѓанското движење.[3] Била опишувана и како „месечен протест од велосипедисти на улиците“.[4] Учесниците претпочитале овие настани да бидат сметани како „прослави“ и спонтани собири, а не како протести или организирани демонстрации.[5][6] Овој став им дозволува на критичните маси да се одржуваат без најава на локалната полиција.[7][8]