Крал Марко
средновековен владетел на Прилепското Кралство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крале Марко (околу 1335 - 17 мај 1395 ) — последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани. Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град[1] и затоа се смета за македонски крал.[2][3]