Кралство Хрватска (1526–1867)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Хрватска (хрватски: Kraljevina Hrvatska; латински: Regnum Croatiae; унгарски: Horvát Királyság, германски: Königreich Kroatien) — дел од Земјите на унгарската круна, но бил предмет на директна царска австриска власт во значителни временски периоди, вклучувајќи ги и последните години. Нејзин главен град бил Загреб. Земјата исто така била дел од земјите на Хабсбуршката Монархија од 1527 година, по изборите во Цетин, и на Австриското Царство од 1804 до 1867 година.
Кралство Хрватска | ||||||
Kraljevina Hrvatska (хрватски) Regnum Croatiae (латински) Horvát Királyság (унгарски) Königreich Kroatien (германски) | ||||||
Во лична заедница со Кралство Унгарија (во рамките на Хабсбуршката Монархија, Австриско Царство и Австроунгарија) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Карта на Хрватска, Далмација, Славонија, Босна, Србија, Истра и Република Рагуза во 18 век | ||||||
Главен град | Загреб (1557–1756) Вараждин (1756–1776) Загреб (1776–1868) | |||||
Јазици | официјални: Латински (до 1784; 1790–1847) Германски (1784–1790)< /small> Хрватски (1847–1868) | |||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | |||||
Уредување | Монархија | |||||
Крал | ||||||
- | 1527–1564 (прв) | Фердинанд I | ||||
- | 1848–1868 (последен) | Франц Јосиф | ||||
Бан | ||||||
- | 1527–1531 (прв) | Иван Карловиќ | ||||
- | 1867–1868 (последен) | Левин Раух | ||||
Законодавство | Сабор | |||||
Историски период | Ран нов век | |||||
- | Избор на Фердинанд I | 1 јануари 1527 | ||||
- | Договор од Карловци | 26 јануари 1699 | ||||
- | Прагматична санкција | 11 март 1712 | ||||
- | Унгарска револуција | 15 март 1848 | ||||
- | Компромис од 1867 | 30 март 1867 | ||||
- | Договор од 1868 | 26 септември 1868 | ||||
Валута | Фиорин | |||||
Денес во | Хрватска и Босна и Херцеговина | |||||
Кралството Хрватска имало големи територијални загуби во војните со Отоманското Царство во 16 век. До 18 век, кралството опфаќало само мал северозападен дел од денешна Хрватска околу Загреб, и мал појас на крајбрежјето околу Риека, кои не биле дел од Отоманското Царство или дел од Хрватската воена граница. Помеѓу 1744 и 1868 година, Кралството Хрватска вклучувало и подредено автономно кралство, Кралството Славонија. Територијата на славонското кралство била дел од Отоманското Царство, а потоа била дел од воената граница за краток период. Во 1744 година, овие територии биле организирани како Кралство Славонија и вклучени во рамките на Кралството Хрватска како автономен дел. Во 1868 година, тие биле споени во новоформираното Кралство Хрватска-Славонија.