Кралот Лир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралот Лир — трагедија напишана од Вилијам Шекспир. Постојат две верзии, но современите уредници, обично ги спојуваат овие за да создадат единствена претстава или текст[1].
Двете верзии се засновани на митолошкиот Леир Британски. Кралот Лир кој ја отстапува својата моќ и земја на двете своои ќерки. Потоа осиромашел, полудел, станал дел од политичката манипулација.
Првата позната изведба на која било верзија на драмата на Шекспир била на Св. Стефанов ден во 1606. Трите постојни публикации од кои современите уредници ги изведуваат своите текстови се 1608 кварто (П1) и кварто од 1619 година (П2, неофицијално и засновано на К1) и 1623 Прво фолио Кварто верзиите значително се разликуваат од верзијата фолија.
Претставата честопати се ревидирала по англиска реставрација поради публика која не го сакала нејзиниот мрачен и депресивен тон, но од 19 век оригиналната претстава на Шекспир се смета за едно од неговите врвни достигнувања.
И главната улога и споредните улоги ги посакуваат глумците, а претставата доживува бројни изведби и адаптации низ целиот свет.