Кракатау
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кракатау или Кракатао (индонезиски: Krakatau) е сив вулкан —експлозивен вулкан[мртва врска] — во Тихоокеанскиот Огнен Појас. Сочинува архипелаг од четири главни острови[2] во Сундскиот теснец во Индонезија, меѓу Јава и Суматра во Индонезија. Неговата географија била пореметена најмалку двапати во текот на две големи ерупции во 416 или 535 година и во 1883 година. И покрај овие настани, архипелагот е домаќин на богат растителен и животински свет, благодарение на неговата тропска клима. Архипелагот е дел од Националниот парк Ујунг Кулон, класифициран како светско наследство од страна на УНЕСКО
Кракатау Кракатао | |
---|---|
Литографија од 1888 од ерупцијата на Кракатау во 1883. | |
Највисока точка | |
Истакнатост | 813 м |
Заведена како | Рибу |
Координати | 6°06′07″S 105°25′23″E [1] |
Географија | |
Место | Индонезија |
Геологија | |
Вид | Купа |
Последен избув | февруари 2017 |
Вулканот е најдобро познат по неговата експлозија на 27 август 1883 година, една од најсилните што ги памети човекот, во која загинале неколку десетици илјади луѓе предизвикувајќи големи цунами чии бранови се почувствувале и до Европа.
Во 20 век, вулканот изродил нов остров, Анак Кракатау или „детето на Кракатау", кој нуди поле за истражување на голем број научници. Местото на вулканот сè уште е активно, но ризикот од нова таква голема вулканска експлозија прилично е ограничен.