Космонаут
човек што командува со, пилотира или служи како член на посадата на вселенско летало / From Wikipedia, the free encyclopedia
Космонаут[1][2] или астронаут[3] — лице што извршило вселенски лет или поминало посебна обука за изведба на таков лет.[4] Иако изразот првенствено се користи за професионални космонаути, тој може да се користи и за секој што патува во вселената, вклучувајќи научници, политичари, новинари и туристи.[5][6]
Од 4 октомври 2007 г., 463 души (413 мажи и 48 жени) од 34 земји достигнале ниска орбита на Земјата или пошироко.[7][8] 26 од нив патувале надвор од ниската орбита на Земјата до Месечевата орбита или површина.[9] Според американската определба, 466 души стигнале до орбитата.[10] До денес, луѓето поминале 30.400 човечки часа во вселената (или вкупно околу 83 години), вклучувајќи околу 100 дена во вселенски прошетки.[11][12] До денес, личноста што поминала најмногу време во вселената е Русинот Сергеј Константинович Крикаљов. Тој поминал таму 803 дена, 9 часа и 39 минути или 2,2 години.[13][14] Сунита Вилијамс, со своите 195 дена, го држи рекордот за најдолго време поминато во вселената од жена.[15][16]
Првиот космонаут бил Јуриј Гагарин. Првата космонаутка била Валентина Терешкова.