Коронарна артерија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коронарните артерии се артериите на коронарна циркулација, кои превезуваат крв во и надвор од срцевиот мускул. Се состојат од лева и десна артерија, кои се разгрануваат.
Коронарни артерии | |
---|---|
Коронарните артерии се обележани со црвено; други поважни делови од срцето се обележани со сино |
Левата коронарна артерија, произлегува од аортата над левиот аортен залисток и ја храни со крв левата страна на срцето. Таа се разгранува во две гранки, а понекогаш се формира и трета гранка, позната како ramus (гранка) или средна артерија.[1]
Десната коронарна артерија, потекнува од над десниот врв на аортниот залисток. Таа патува по десниот коронарен (sulcus) канал, кон задната страна на срцето.
Исто така, постои и конусна артерија, која е присутна во околу 45 отсто од човечката популација, и која може да обезбеди помошен протокот на крв кон срцето кога предниот лев дел на опаѓачката (descending) артерија е непрооден.[2][3]