Копа Америка 1979
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1979, попознато како Копа Америка 1979 — 32-то издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал. По втор пат, првенството немало фиксен домакин, туку сите натпревари се играле во текот на пет месеци во секоја земја која зела учество на турнирот. Турнирот траел од 18 јули до 12 декември 1979 година. На турнирот учествувале 10 репрезентации.
Кратки факти Копа Америка 1979, Податоци за првенството ...
Копа Америка 1979 | |
---|---|
XXXI Copa América 1979 | |
Податоци за првенството | |
Датум на одржување | 18 јули — 12 декември 1979 |
Екипи | 10 (од 1 конфедерација) |
Стадиони | 12 (во 11 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Шампион | Парагвај (2-ри) |
Второ место | Чиле |
Трето место | Перу |
Четврто место | Бразил |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 25 |
Постигнати голови | 63 (2.52 по натпревар) |
Гледачи | 1,144,000 (0 по натпревар) |
Голгетер | Парагвај Морел Чиле Передо (по 4 гола) |
Најдобар играч | Чиле Касељ[1] |
← 1975 1983 → |
Затвори
Перу, како актуелен шампион, не учествувал во групната фаза, туку директно се пласирал во завршната фаза од турнирот.
Турнирот бил освоен од страна на Парагвај кој во финалето ја совладал репрезентацијата на Чиле.