Конфуциј
древнокинески мислител / From Wikipedia, the free encyclopedia
Конфуциј (кин. 孔子 „Кунг фу-це‘“, лат. Confucius; (28 септември 551 - 479 п.н.е.) — прочуен кинески филозоф, основач на конфуцијанството. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфуциј е светски познат по своето учење во која основна црта е „жен“ (човечност). Роден е во Ќуфу, во тогашната држава Лу.
Кратки факти Конфуциј孔子, Роден(а) ...
Конфуциј 孔子 | |
---|---|
Портрет на Конфуциј од Ву Даоце (680–740) | |
Роден(а) | 551 BC Цоу, Лу |
Починал(а) | 479 п.н.е. (возраст: 71-72 г.) Лу |
Националност | Кинез |
Период | древна филозофија |
Подрачје | Кинеска филозофија |
Школа | основач на конфуцијанството |
Претежна дејност | морална филозофија, социјална филозофија, етика |
Значајни идеи | конфуцијанство |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Затвори
Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката филозофија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфуциј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се „Зборови и мисли“ на Лун-ји, „Златна средина“, „Возвишена наука“ итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.