Конференција на Обединетите нации за меѓународна организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Конференцијата на Обединетите нации за меѓународна организација (КОНМО), попозната како Конференција во Сан Франциско, била конвенција на делегати од 50 сојузнички нации што се траела од 25 април 1945 до 26 јуни 1945 година во Сан Франциско, Калифорнија, Соединетите Американски Држави. На оваа конвенција, делегатите ги разгледале и препишале договорите Дамбартон Оукс од претходната година.[1] Конвенцијата резултирала со создавање на Повелбата на ОН, која била отворена за потпис на 26 јуни, последниот ден од конференцијата. Конференцијата се одржала на различни локации, најпрво во Воената меморијална опера, а Повелбата била потпишана на 26 јуни во театарот Хербст во Граѓанскиот центар. Плоштадот во непосредна близина на Граѓанскиот центар на градот, наречен „ОН Плаза“, ја одбележал конференцијата.
Конференција на Обединетите нации за меѓународна организација | |
---|---|
Ознаки на конференцијата, прототип на сегашното лого на Обединетите нации. | |
Датум | Започнала 25 април 1945; Завршила 26 јуни 1945; |
Град | Сан Франциско, Калифорнија |