Колет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Колет (француски: Sidonie-Gabrielle Colette, 28 јануари 1873 – 3 август 1954) француска писателка на романи, кандидат за Нобелова награда за книжевност во 1948.[1] Колет е една од најпознатите писателки во Франција особено земајќи предвид дека творела во време преплавено од машки писатели.
Кратки факти Сидони-Габриел Колет, Роден/а ...
Сидони-Габриел Колет | |
---|---|
Роден/а | 28 јануари 1873(1873-01-28) Сен-Совер-ан-Пизаје, Јон, Франција |
Починат/а | 3 август 1954(1954-08-03) (возр. 81) Париз, Франција |
Псевдоним | Colette |
Занимање | Романописец |
Националност | Французинка |
Потпис |
Затвори
Нејзини најпознати дела се романите Шери (1920) и Жижи (1944), иако нејзина помалку позната книга Лозанките на лозјето е една од стоте книги на векот според Ле Монд. Жижи е адаптирана во филм и во театарска претстава.