Клевската принцеза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клевската принцеза (француски: La Princesse de Clèves) — француски роман од непознат писател објавен во март 1678. Според многумина, претставува зачеток на психолошкиот роман, а за негов автор најчесто се смета дека е Мадам де Лафајет. Дејството се одвива помеѓу октомври 1558 и ноември 1559 во дворот на францускиот крал Анри II. Романот веродостојно го прикажува тој период, во кој сите ликови освен главната хероина се историски личности. Книгата е пишувана одблизу според историските записи. Книгата е задолжителна лектира во Франција,[1] а била преработена во филм и радио драма.[2] Клевската принцеза била многу популарна во времето кога била објавена, а читателите кои не биле од Париз чекале со месеци за да добијат примерок. Романот бил еден од најраните аналитични фикции, прикажувајќи преиспитување на сопствените постапки на ликовите и исповедање на чувствата, и како таков имал големо влијание врз подоцнежните прозни дела.
Автор | Мадам де Лафајет |
---|---|
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Жанр | роман |
Издадена | 1678 |