Кетрин Бигелоу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кетрин Ен Бигелоу (родена на 27 ноември 1951 г.)[1] — американска кинорежисерка.
Кетрин Бигелоу | |
---|---|
Бигелоу на 82. доделување на наградите Оскар, 2010 | |
Роден(а) | Кетрин Ен Бигелоу 27 ноември 1951(1951-11-27) (72 г.) Сан Карлос, Калифорнија, САД |
Занимање | кинорежисерка |
Активен период | 1978— |
Сопружник | Џејмс Камерон (1989 — 1991) |
Бигелоу е позната по култниот хорор филм Блиску до темнината (1987), криминалистичкиот филм Критична точка (1991), контроверзниот научнофантастичен трилер Чудни денови (1995), местериозниот трилер Тежина на водата (2000), воената драма Шкафче на болката (2009) и по акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012). Филмот Шкафче на болката го освоил Оскарот за најдобар филм, како и наградата БАФТА, а исто така бил номиниран и за Златен глобус.
Со Шкафче на болката, Бигелоу станала првата жена која добила Оскар за најдобар режисер,[2] награда од здружението на кинорежисери,[3] БАФТА награда за најдобра режија,[4] и награда од кинокритичарите за најдобар кинорежисер.[5] Таа исто така била првата жена која ја добила наградата Сатурн за најдобар кинорежисер во 1995 година за филмот Чудни денови.
Во април 2010, Бигелоу била именувана од списанието Тајм на списокот сто највлијателни луѓе во светот.[6]