Кенија (планина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планина Кенија — највисоката планина во Кенија и втората највисока во Африка, по Килиманџаро[3]]]. Највисоки врвови на планината се Батијан (5.199 метри), Нелион (5.188 метри) и Ленана (4.985 метри). Планината Кенија се наоѓа во центарот на Кенија на околу 16,5 километри јужно од екваторот, околу 150 километри североисточно од главниот град Најроби. Планината Кенија е извор на името на Република Кенија.
Кенија | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5199 м [1] |
Истакнатост | 3825 м [1] Ranked 32nd |
Заведена како | Највисок врв |
Координати | 0°9′03″S 37°18′27″E [1] |
Географија | |
Топокарта | Mt Kenya by Wielochowski and Savage[2] |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 2.6–3.1 |
Искачување | |
Прво освојување | 1899 |
Планината Кенија е стратовулкан создаден пред околу 3 милиони години по отворањето на Источноафриканскиот Расед[4]. Пред глацијацијата, тој бил висок 7.000 метри. Планината била покриена со ледена капа илјадници години. Ова резултираше до создавање на многу еродирани падини[5] и бројни долини. Во моментов планината има 11 мали ледници. Пошумените падини се важен извор на вода за голем дел од Кенија.[6]
Постојат неколку вегетациски видови од основата до врвот[7]. Долните падини се покриени со различни видови шуми. Многу алпски видови се ендемски на планината Кенија[8] An area of 715 km2 (276 ми) around the centre of the mountain was designated a National Park[9], како што се гигантската лобелија и Senecio. На оовршина од 715 км2 околу центарот на планината се наоѓа Национален парк кој бил вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО во 1997 година[10]. Паркот има повеќе од 16.000 посетители годишно[6]