Кенеди-Торндајков експеримент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кенеди–Торндајкoвиот експеримент е спроведен во 1932 година , и воедно претставува изменета форма на Mајкелсон–Морлиевиот обид ,а ја тестира специјалната теорија на релативноста.[1] Измената се состои во тоа што едниот крак од класичниот Mајкелсон–Морлиев (MM) апарат е пократок од другиот . Додека Mајкелсон–Морлиевиот експеримент покажа дека брзината на светлината е независна од ориентацијата на апаратот, Кенеди–Tорндајковиот експеримент покажува дека исто така брзината на светлината е независна од брзината на апаратот во различни инерцијални појдовни системи. Овој експеримент исто така служи и како тест за индиректно да се потврди издолжувањето на времето . Негативниот резултат од Mајкелсон–Морлиевиот експеримент може да се објасни со контракција на должината ,а пак негативниот резултат од Кенеди–Торндајковиот експеримен бара издолжување на времето во прилог на контракцијата на должина за да се објасни зошто фази нема да бидат откриени додека Земјата се движи околу Сонцето. Првата директна потврда на издолжувањето на времето била постигната од Ајвс -Стилвеловиот експеримент.Комбинирајќи ги резутатите од тие три експерименти,целосно може да се изведат Лоренцовите трансформации. [2]
Подобрените варијанти на Кенеди–Торндајковиот експеримент се изведуваат со користење оптички резонатор или месечево огледало. За целосен преглед на тестовите на Лоренцовата инваријанта , погледнете ги тестовите на специјалната теорија на релативноста.