Кедел Еванс
австралиски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кедел Ли Еванс АМ (англиски: Cadel Lee Evans; р. 14 февруари 1977 ) — поранешен австралиски професионален велосипедист и победник на Тур де Франс 2011. На почетокот на неговата кариера, Еванс бил првак во планински велосипедизам, победувајќи го Светскиот куп во 1998 и 1999 и пласирајќи се седми на трката во крос-кантри во планински велосипедизам на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј. Кедел Еванс е четикратен олимписки учесник.[4]
Еванс на Критериум ду Дофине 2012. | |||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Кедел Ли Еванс | ||||||||||||||||||||
Прекар | „Кадлс“[1] | ||||||||||||||||||||
Роден | 14 февруари 1977(1977-02-14) (47 г.) Катерина, Северна Територија, Австралија[2] | ||||||||||||||||||||
Висина | 1,74 м[3] | ||||||||||||||||||||
Маса | 67 кг[3] | ||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||
1994–1999 2001 | Австралиски институт за спорт (AIS) Викторијански институт за спорт (VIS) | ||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||
2001 2002 2003–2004 2005–2009 2010–2015 | Волво-Кенондејл (MTB) (1999) Саеко Машине пер Кафе Мапеи-Квик Степ Тим Телеком Давитамон-Лото Верандас Вилемс | ||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
Последна промена 5 јануари 2016 |
Еванс се префрлил целосно на друмскиот велосипедизам во 2001 и постепени се пробивал нагоре. Тој завршил втор на Тур де Франс во 2007 и 2008. Станал првиот Австралиец, кој го освоил UCI ProTour (2007) и Светското друмско првенство UCI во 2009. Конечно го освоил Тур де Франс во 2011, возејќи за Интермарше-Сиркус-Ванти, откако на двапати бил проследен со лоша среќа.[5] Со 34 години, тој е меѓу петте најстари победници во историјата на трката. Заедно со Американецот Грег Лемонд, тој е еден од само двајцата неевропејци кои „официјално“ го освоиле Тур. На другите двајца неевропски победници, Американците Ленс Армстронг и Флојд Лендис, им биле поништени нивните победи поради допинг.
Еванс се повлекол на 1 февруари 2015 година, откако ја завршил трката именувана во негова чест.[6]